Оваа година февруари бил потопол од просекот во поголем дел од Европа. Средната месечна температура во поголем дел од Европа била повисока за околу 3°C.
Најтопло било на север и североисток од Европа со температурно отстапување поголемо од 5°C. Просечна температура за месец февруари била забележана во поголем дел од Пиринејскиот полуостров, Ирска, Шкотска и на исток од Романија и Молдавија. Постудено од просекот било само на југ од Португалија и во понекаде во северозападна Шпанија.
Што се однесува до количеството на врнежите, тие во месец февруари биле доста разновидни, но сепак била сушна во однос на просекот посебно југоисточна и источна Европа, како и поголем дел од централна и северна Европа.
Најмногу врнежи имало на Медитеранот, на југ од Англија и Норвешка а во овие области наврнале и двапати повеќе врнежи од просечните вредности.
Како и во поголем дел од Европа и во Македонија во февруари биле регистрирани надпросечни температури, кои се движеле во во интервал од 3°C до 5°C.
Температурни отстапувања од просекот за месец февруари 2014 година
Отстапување на количеството на врнежи од просечните вредност
Вкупно количество на врнежи за месец февруари 2014 година