Серијата силни бури условиле невреме и предизвикаа големи проблеми со обилните врнежи од дожд особено во северна Италија, во текот на изминатата недела. Како неделата одминувала, посебно од средината на седмицата, времето се стабилизирало под влијание на антициклон.
До сега во месецот, делови од југоисточна Франција, јужна Швајцарија и северна Италија добиле над 250 литри дожд. Во Џенова наврнале над 600 литри дожд а во Ница 420 литри дожд. Во Џенова само за два дена наврнале половина од годишниот просек.
Со обзир на влијанието на антициклоните, сончевото време продолжило во текот на неделата. Со сонце следуваат и високи температури, надпросечни во интервал од 3°C до 8°C.
Цела Европа не е под антициклонални влијанија. Англија е на удар на студен фронт како и северните делови на Франција и на југ од Норвешка.
На исток од Европа под влијание на сибирскиот антициклон е условиен продор на студена воздушна маса од Финска до Украина, а во Белорусија и Украина се очекуваат и слаби врнежи од снег.