ФОТО - Пијавици во Грција
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 17 јули 2014

Во текот на вторникот во Грција биле забележани неколку спектакуларни пијавици.

 

 

Многу силна пијавица се појавила во близина на островот Скијатос, во северозападно Егејско море во вторникот во утринските часови. По тоа следувало формирање на две близначки пијавици.

 

Пијавиците настанале како последица на судир на студена воздушна маса со топла воздушна маса која владее на тоа подрачје, вклучувајќи ја и температурата на морето која била 26°C.

 

Во текот на вторникот на тоа подрачје биле забележани неколку силни пијавици, но ниедна од нив не предизвикала материјална штета.