Леден вулкан е феномен кој се случува во овој период од годината во Големите езера. Еден таков се случил пред неколку денови во областа на Висконсин.

Ледените вулкани изгледаат слично како вистинските вулкани, но не исфрлуваат лава ни токсични гасови. Од нив се исфрла само вода.
Најпогодни места за да се погледне овој феномен се наоѓаат долж источното крајбрежје на езерата Ири и Онтарио. На ова подрачје се случуваат секоја година, особено во јануари и февруари.
Повеќе од 92% од Големите езера биле покриени со мраз во текот на 2013/2014 година. Од саботата 13 декември 2014 година, само 1.4% од езерата се покриени со мраз.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk