Долготрајните екстремни високи температури како последица од намалување на активноста летните бури
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 16 март 2015

„Поради нарушување на струењето на воздухот како последица на климатските промени, може да настанат сериозни последици и на земјата“, објаснува главниот автор Дим Куму.

 

 

Иако се очекува дека намалената активност на бурите може да претставува нешто добро, сепак ова намалување води кон поголемо опстојување на климатските системи во средните географски ширина во северната хемисфера. На лето, бурите носат влажен и свеж воздух од океаните во континентите што допринесува за разладување на воздухот по долгите периоди на неподнослива жештина. Мирните периоди пак придонесуваат топлите временски услови да траат подолго, што резултира во зголемување на жештината и сушите.

 

 

Климатските промени може и понатаму да ја намалуваат циркулацијата на свеж воздух во текот на топлите сезони

 

Претходните истражувања од различни истражувачи претежно биле фокусирани на бурите во зима, бидејќи се сметаат како најголеми  причинители на штета. Иако фреквенцијата и интензитетот на зимските бури може да варира во зависност од регионот,сепак просечната активност на бурите во студените периоди останува непроменета. Но, во лето, анализите на податоците направени од метеоролошките станици и сателитите укажуваат на тоа дека има намалување на просечната активност на бурите. Ова значи дека има намалување или на фреквенцијата или на интензитетот,или пак и на двете истовремено. Научниците го проучувале посебниот вид на турбуленција познат како синоптички вортекс, со што ја пресметале вкупната енергија на брзината на ветерот. Оваа енергија, која претставува мерка за взаемното дејство помеѓу интензитеот и фреквенцијата на низок и висок атмосферски притисок, се намалила за отприлика една десетина од 1979

 

„Постојаните климатски промени најверојатно ќе продолжат и понатаму да влијаат врз намалување на циркулацијата во текот на летниот период, што ќе придонесе за зголемување на ризикот од топлотни бранови. Невројатно е тоа што климатските симулации за наредните декади ја покажаа истата поврзаност што ја откривме во истражувањата. Така што, екстремните високи температури  во последните неколку години се само почеток“, добјаснува коаторот Јаша Леман.

 

 

Арктичкиот фактор: дупло побрзо затоплување за разлика од другите региони

 

Според истражувањето, брзото затоплување на Арктикот може да е главната причина за забележаните промени во циркулацијата. Емисиите на гасови со ефект на стаклена градина како последица од согорувањето на фосилните горива придонесуваат за глобално зголемуваање на температурите, но кај повисоката северна хемисфера затоплувањето е побрзо. Штом мразот на морскта површина на Аркитикот се топи поради глобалното затоплување, поларниот регион прима поголема топлина. Темната морската површина без мраз помалку ги рефлектира сончевите зраци,отколку белиот мраз. Притоа потоплите води го затоплуваат воздухот, што придонесува за намалување на температурната разлика помеѓу поларниот студен регион и другите потопли региони од северната хемисфера. Како што е познато, температурните разлики придонесуваат за движење на воздухот, но со намалување на овие разлики се намалува и струењето на воздухот. Така да, ова намалување научниците го поврзуваат со значајното намалување на активноста на бурите.

 

„Од било кој агол да ги набљудуваме екстремните високи температури,  доказот што го наоѓаме води само кон иста насока. Екстремните високи температури не се зголемуваат само поради тоа што ние придонесуваме за затоплување на планетата, туку поради климатските промени кои го пореметуваат струењето на воздухот што всушност е многу значаен дел за оформување на временските услови. Секојдневното намалување на варијабилноста што ја набљудувавме придонесува за тоа да временските услови се потрајни, резултирајќи во екстремни високи температури секој месец. Така што постои голема веројатност ризикот од зголемените топлотни бранови да се зголеми“, додава Куму.