Неделна анализа - Нестабилно со врнежи од дожд и снег на планите, од четврток студ
Напишано од Глигор Тодоров
недела, 4 ноември 2012
Поминавме уште една невообичаено топла недела, со надпросечни температури, како минималните така и максималните дневни температури. Еве како беа температурите за овој неделен временски интервал (29.10 – 04.11) минатата година и оваа година.


29.10.2011 Средна минимална температура -1.1°C, средна максимална 15.2°C
30.10.2011 Средна минимална температура -0.8°C, средна максимална 14.5°C
31.10.2011 Средна минимална температура -2.3°C, средна максимална 14.9°C
01.11.2011 Средна минимална температура -1.9°C, средна максимална 15.2°C
02.11.2011 Средна минимална температура -1.2°C, средна максимална 15.2°C
03.11.2011 Средна минимална температура -1.4°C, средна максимална 15.5°C
04.11.2011 Средна минимална температура -0.8°C, средна максимална 15.1°C

Најниска минимална температура беше измерена во Берово -7°C на 31.10, а највисока максимална температура во Гевгелија 19.4°C на 03.11.

29.10.2012 Средна минимална температура 11.1°C, средна максимална 18.3°C
30.10.2012 Средна минимална температура 5.8°C, средна максимална 12.8°C
31.10.2012 Средна минимална температура 2.1°C, средна максимална 16.0°C
01.11.2012 Средна минимална температура 9.1°C, средна максимална 13.8°C
02.11.2012 Средна минимална температура 9.1°C, средна максимална 20.0°C
03.11.2012 Средна минимална температура 5.4°C, средна максимална 18.9°C
04.11.2012 Средна минимална температура 7.2°C, средна максимална 18.4°C

Најниска минимална температура беше измерена во Лазарополе -1.2°C на 31.10, а највисока максимална температура во Гевгелија 24.8°C на 03.11.

Еве ги деталите за тоа какво време не очекува во наредните седум дена.

На Балканот во понеделник ке биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Умерено облачно со сончеви периоди ке биде во Македонија, Грција и Бугарија. Максималните дневни температури ке се движат од 17°C до 24°C.

Во Македонија во утринските часови ке има појава на магла по котлините и долините на реките, а во текот на денот ке биде умерено облачно со сончеви периоди. Попладне потполно наоблачување кое ке донесе локални врнежи од дожд во западните и северозападните предели. Ке дува засилен југоисточен, а во западните предели засилен југозападен ветар. Утринските температури од 1°C до 12°C, а максималните дневни ке се движат од 14°C до 22°C.

Во Скопје во понеделник во утринските часови ке има појава на магла, а во текот на денот ке биде умерено облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот нестабилно со можност за локален дожд. Ке дува засилен југоисточен ветар. Утринската температура од 7°C, а максималната дневна ке достигне до 19°C.

Во вторник ке биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Ке дува слаб ветар со променлив правец, а во западните предели ке дува засилен југозападен и западен ветар. Утринските температури ке се движат од 3°C до 14°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 13°C односно до 21°C.

Во среда ке биде облачно со врнежи од дожд, ветровито и пад на температурите. Ке дува засилен северен и северозападен ветар, а во западните предели ке дува засилен североисточен ветар. На ридско-планинските предели и на планините кои се над 1000 метри надморска височина во доцните попладневни часови и во текот на ноќта ке има врнежи од снег. Утринските температури од -1°C до 10°C, а максималните дневни температури ке се движат од 10°C до 18°C.



Во четврток во утринските часови врнежите ке престануваат, а во текот на денот ке биде претежно сончево со локална облачност и студено. Ке дува засилен северен и северозападен, а во западните предели североисточен ветар. Утринските температури од -4°C до 7°C, а максималните дневни ке достигнат до 7°C односно до 15°C.

Во Македонија во петок ке биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ке дува засилен југоисточен, а во западните предели засилен југозападен ветар. Утринските температури ке се движат од -4°C до 7°C, а максималните дневни од 9°C до 17°C.

Во сабота ке биде претежно сончево со локална облачност, попладне наоблачување. Ке дува слаб ветер со променлив правец. Утринските температури од 0°C до 11°C, а максималните дневни ке се движат од 11°C до 19°C.



Во Македонија во недела ке биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Слаб ветер со променлив правец. Утринските температури од 4°C до 13°C, а максималните дневни ке достигна до 9°C односно до 17°C.