Алкалоид произведува по еколошки стандарди
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 22 мај 2012
Алкалоид“ доби интегрирана еколошка дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање, со што се вброи во листата со одговорни компании, кои во секојдневните производствени операции се грижат и водат сметка за интегрирано спречување и за контрола на загадувањето на животната средина.

Интегрираната еколошка дозвола на генералниот директор на „Алкалоид“, г. Живко Мукаетов, му ја врачи министерот за животна средина и просторно планирање, г. Абдилаќим Адеми.

Грижата за животната околина е еден од долгорочните принципи на деловната политика на оваа компанија. Според начелата на добрата производствена практика, системот за управување со животната средина е дел од интегрираниот систем за управување со квалитетот.

За добивање на интегрирана еколошка дозвола, а заради усогласување со законската регулатива во земјава и со законодавството на ЕУ, „Алкалоид“ ги почна подготовките во 2007 година. За потфатот еколошко производство „Алкалоид“ вложил над половина милион евра.