Врнежи од снег во лето во Воркута
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 7 јули 2015

Додека поголем дел од Европа е зафатена од топлотен бран каде што се поставуваат нови температурни рекорди, во друг дел од планетата ситуацијата е сосема спротивна.

 

 

Имено , на север од Русија во градот Воркута, верувале или не паднал снег, а температурата на воздухот се спуштила на само 1 степен. Врнежите од снег биле регистрирани на 5 јули 2015 година.

 

Инаку денеска на 7 јули дневната температура во овој град достигна до 13 степени.

 

Воркута е град во Русија кој шти се наоѓа северно од Арктичкиот круг.  Летото е кратко и студено со просечна температура од околу 13 степени. Врнежите од снег во овој период воопшто не е нормална појава.