Времето утре (16.02.2022) - Претежно облачно со услови за сосема слаб и локален дожд
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 15 февруари 2022

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во среда ќе преовладува претежно облачно, ветровито и релативно топло време за овој период од годината, со дневни температури кои што ќе бележат благо опаѓање. Во текот на денот услови за сосема слаби локални врнежи од дожд од 1 до 3 литри, а во западните предели локално се очекуваат и до 5 литри. Ќе дува засилен југоисточен и југозападен ветер со брзина до 15 км/ч. Минималните температури во Македонија утре ќе се движат во интервал од -1 до 7 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат од 3 до 13 степени.  

 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во четврток умерено облачно време со сончеви периоди и ветровито време. Во попладневните часови намалување на облачноста и се повеќе сончеви периоди. Минималните температури од -1 до 7 степени, додека пак максималните дневни од 6 до 16 степени. Во петок и сабота постудено утро со пад на утринските температури кои што ќе се движат во интервал од -3 до 5 односно од -6 до 2 степени. Во текот на денот претежно сончево и топло време со максимални температури кои што ќе достигнат до 7 односно до 17 степени. Во Македонија во недела умерено облачно време со повремени сончеви периоди и топло време за овој период од месец февруари. Минималните температури од -3 до 5 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 5 односно до 15 степени.

 

СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во четврток ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди и топло време. Минималната температура од 4 степени, додека пак дневната ќе достигне до 13 степени. Во петок и сабота по студеното утро и температура од 2 односно -1 степен, во текот на денот сончево и потопло време со максимални 14 степени. Во Скопје во недела умерено облачно време со сончеви периоди и температура до 12 степени.