Временска прогноза сабота 14 март
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 13 март 2015

Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла, која што понекаде ќе услови и видливост помала од 100 метри. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло.

 

 

Во попладневните часови во западните и крајните источни предели со услови за слаби локални врнежи од дожд. Ветерот ќе слабее, па ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели слаб североисточен ветер.

 

Утринските температури ќе се движат од -4°C до 4°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 5°C односно до 15°C.

 

Во Скопје во сабота ќе биде претежно сончево со локална облачност. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 1°C, а максималната дневна до 12°C.

 

Во вториот ден од викендот ќе можеме да уживаме во претежно сончево и топло. време. Иако утрото ќе биде постудено со температури од -5°C до 3°C, во текот на денот температурите ќе се искачат до 7°C  односно до 17°C .

 

Во понеделник ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Минималните температури ќе се движат од -4°C до 4°C, а максималните ќе достигнат до 8°C односно до 18°C.