Ноември 2014 - Седмиот најтопол ноември во светот
Напишано од Глигор Тодоров
среда, 17 декември 2014

Ноември 2014 година бил седмиот најтопол ноември на Земјата откако се запишуваат мерењата, а периодот од јануари до ноември 2014 година е најтоплиот од почетокот на мерењата односно до 1880 година.

 

 

Ноември бил третиот последователен најтопол месе. Му претходеле најтоплиот август, најтоплиот септември и најтоплиот октомври откако се вршат мерењата.

 

Глобалната температура во океаните  во месец ноември била највисока од почетокот на мерењата, а тоа претставува седмиот месец по ред кој бил најтопол некогаш.

 

Со копното ситуацијата е малку поинаква. Ноември не бил толку топол, била забележата само 13-та највисока температура на воздухот откако се вршат мерењата.

 

 

Без штета од милијарда долари во ноември

 

Освен по температурата, ноември ќе биде запаметен и потоа што во текот на целиот месец немало природна катастрофа која што ќе предизвика материјална штета од милијарда долари, со што ноември бил привот месец од јануари 2012 кога немало толкава материјална штета.

 

 

Ова секако е одлична вест, а одлично е тоа пто глобалната штета од природни катастрофи во првите 11 месеци е помала за 15 милијарди долари во однос на 2013 година која декември имала штета од 39 милијади, а целата година да се заврши на 41 милијадра долари материјална штета.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk