Какво време не очекува утре (13.02.2022) и во следните денови
Напишано од Глигор Тодоров
недела, 13 февруари 2022

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во понеделник по свежото утро со пад на утринските температури кои што ќе се движат во интервал од -2 до 5 степени, во текот на денот ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди и топло време. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Максималните дневни температури во Македонија утре ќе достигнат до 3 односно до 14 степени.

 

 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во вторник умерено облачно време со сончеви периоди и надпросечно топло време за овој период од годината. Минималните температури од -2 до 4 степени, додека пак максималните дневни од 4 до 15 степени. Во среда претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време. Минималните температури од -2 до 4 степени, додека пак дневните од 5 до 16 степени. Во четврток и петок по студеното утро со температури од -3 до 3 степени, во текот на денот ќе преовладува сончево и топло време со максимални температури кои што ќе бидат од 7 до 18 степени, температури кои што се над повеќегодишниот просек за овој период од годината.