Денеска (недела), на 21 јуни, во 18 часот и 38 минути, на 171-виот ден во годината, на северната полутопка и во Република Македонија почнува летото. Поради поставеноста на Земјата кон Сонцето, на северната полутопка, оваа недела ќе биде најдолгиот ден во годината (летен солстициум), а на јужната пак, ќе биде најкраткиот ден. Денот ќе трае цели 15 часа и 14 минути, а ноќта само 8 часа и 46 минути.
Веќе од понеделник (22.06), деновите ќе почнат да се скратуваат за по околу 2-3 минути, а за сметка на тоа ќе се зголемуваат ноќите и тоа до зимскиот солстициум (зимска краткоденица) на 21 декември 2013 година.
Поради елипсоидната форма на Земјата, должината на најдолгиот ден и најкратката ноќ се различни одејќи од екваторот кон половите, а различни се дури и во нашата држава.
Така, во најјужните делови на Македонија (во правец на Битола), денот ќе трае 15 часа и 5 минути, а во најсеверните делови (над Крива Паланка) ќе трае 15 часа и 17 минути.
На екваторот, денот и ноќта ќе траат подеднакво по 12 часа. На северниот пол, пак, денот веќе трае непрекинато 6 месеци, а на јужниот пол со слично траење од 6 месеци е ноќта. Летото ќе трае 93 дена и ќе заврши на 23 септември во 10 часот и 21 минута (по средноевропоско време кое е официјално и во Македонија), кога на северната полутопка ќе почне есента.
Првиот ден од летото на метеоролошки план воопшто нема да наликува на топол летен ден. Денот ќе ни започне со утрински температури кои ќе се многу пониски во однос на просечните за овој период од годината. Еве ги деталите:
Во понеделник не очекува свежо утро со пониски температури кои ќе се движат од 4°C до 14°C. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито.
Ќе дува доумерен северен и северозападен ветер, а во западните и источните предели ќе дува доумерен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч.
Дневните температури иако ќе бележат благ пораст сепак ќе бидат пониски од просечните за овој период од годината и ќе се искачат до 18°C односно до 28°C.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на Weather4all.com.mk