Времето 05.10.2020 - Умерено облачно, попладне со услови за слаб дожд
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 5 октомври 2020

Денес е понеделник, 5 октомври 2020 година, 279-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:30, а ќе зајде во 18:02 часот. Денот ќе трае 11 часа и 42 минути.

 

 

Првото утро во новата октомвриска седмица во Македонија го започнуваме со умерено облачно, ветровито и топло време, со пораст на утринските температури.     

 

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во поголем дел од денот ќе преовладува умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и топло време. Во попладневните часови зголемување на облачноста која што во доцните попладневни и во вечерните часови локално во западните, северните и североисточните предели ќе услови сосема слаби и локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен засилен југозападен и југоисточен ветер кој што ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од 10 до 19 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 24 односно до 32 степени.

 

Присуство на пустински песок во атмосферата над Македонија ќе имаме и денес со количество до 100 микрограми на метар кубен.