Претпладне претежно сончево, попладне со локални врнежи. Врнежи и за продожениот викенд
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 31 јули 2015

Во Македонија денот ќе го започнеме со претежно сончево време со локална облачност и малку пониски утрински температури од денешните. Во попладневните часови услови за локални врнежи од дожд и грмотевици ќе има во северозападните, западните, крајниот североисток како и во регионот на Демир Капија и Кавадарци.

 

 

 

Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер, а во југоисточните предели ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 12 до 22 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 27 односно до 37 степени. УВ индексот ќе изнесусва 8.

 

Во Скопје во сабота претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне зголемување на облачноста и услови за врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 19 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 35 степени. УВ индекс 8.

 

Во деновите од продолжениот викенд и нема да имаме баш пријатни временски услови. Пред се ќе треба да ги искористиме максимално претпладневните часови кога се очекува претежно сончево и топло време, бидејќи во попладневните и вечерните часови се очекува развој на нестабилност и локални врнежи од дожд.

 

Во недела и понеделник утринските температури од 14 до 24 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 27 односно 38 степени.

 

Во вторник овие врнежи се однесуваат на северозападните, западните и југозападните предели, во останатите предели ќе биде претежно сончево и топло, со дневни температури од 26 до 36 степени.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk

 

FAILED TO GET REZULT FOR: SELECT fact AS content FROM ic_facts ORDER BY RAND() LIMIT 1