МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност. Попладне зголемување на облачноста која во доцните попладневни и во вечерните часови ќе создаде услови за локални врнежи од дожд кои прво ќе ги зафатат северозападните и североисточните предели, а покасно и во останатите предели.
Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен слаб западен и југозападен ветер. Во вечерните часови вечерот ќе се засилува.
Утринските температури во пораст и ќе се движат од 7°C до 17°C, а максималните дневни ќе достигнат до 22°C односно до 33°C.
УВ индекс 8.
СКОПЈЕ - Во Скопје во среда претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне и во вечерните часови со услови за локални врнежи од дожд. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 14°C, а максималната дневна до 29°C. УВ индекс 8.