Времето утре (18.02.2022) - Претежно сончево и надпросечно топло време
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 17 февруари 2022

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во петок постудено утро со пад на утринските температури кои што ќе се движат во интервал од -3 до 5 степени. Во текот на денот ќе преовладува претежно сончево и надпросечно топло време. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер кој што во попладневните часови ќе промени правецот и ќе дува доумерен југозападен ветер. Максималните дневни температури во Македонија утре ќе достигнат до 7 односно до 17 степени.

 

 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во сабота по студеното утро со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од -5 до 3 степени, во текот на денот претежно сончево и топло време со максимални 8 односно 18 степени. Во недела умерено облачно време со сончеви периоди и топло време. Во попладневните часови во северозападните, северните како и во североисточните и источните предели нестабилно време со врнежи од дожд. Минималните температури од -2 до 6 степени, додека пак максималните дневни од 5 до 15 степени. Во понеделник и вторник во Македонија умерено облачно и нестабилно време со врнежу од дожд и топло време. Над 1000 метри со слаби врнежи од снег. Минималните температури од -3 до 5 степени, додека пак максималните дневни од 6 до 16 односно од 3 до 13 степени.

 

СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во сабота по студеното утро и температура од 0 степени, во текот на денот сончево и топло време со температура до 15 степени. Во недела умерено облачно време со сончеви периоди, во попладневните часови со услови за слаби и локални врнежи од дожд и дневна температура до 12 степени.Во понеделник и вторник умерено облачно и нестабилно време со услови за слаби и локални врнежи од дожд. Минималната температура од 2 степени, додека пак дневната ќе достигне до 13 односно до 10 степени.