Во Македонија во недела ќе биде претежно облачно со провејување на слаб снег. Во Гевгелиско-Валандовскиот регион се очекуваат слаби врнежи од дожд.
Во попладневните часови постојат услови за разведување на облачноста и појава на повремени сончеви периоди во југозападните и крајните западни предели.
Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните и источните предели ќе дува умерен североисточен ветер.Минималните температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од -5 до 3 степени, а максималните температури ќе се движат во интервал од -1 до 8 степени.
Во Скопје во недела ќе биде претежно облачно со слабо провејување на снег. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од -1 степен, а дневната ќе достигне до 5 степени.
Новата работна седмица ќе ја започнеме со студено утро и утрински температури кои ќе се движат во интервал од -4 до 4 степени. Во текот на денот умерено облачно со повремени сончеви периоди. Дневните температури ќе достигнат до 1 односно до 10 степени.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk