Општи препораки за заштита од топлотен бран
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 7 јули 2015

Препораки за спречување на штетните ефекти од надворешните високи температури врз здравјето на луѓето, препорачани од страна на Министерството за здравство на РМ, Институтот за јавно здравје на РМ и Центрите за Јавно здравје.

 

 

1. Општи препораки за заштита од топлотен бран

-  За  време  на  топлотен  бран  избегнувајте,  колку  што  е  можно,  излегување во надворешна  средина  во  периодот  од  10:00-17:00  часот.  Неопходните  работи завршувајте ги пред 10:00 часот или после 17:00 часот.

 

-  За  време  на  топлотен  бран  во  периодот  од  10:00-  17:00 часот, да се избегнуваат напорни физички активности, вклучувајќи спорт и рекреативни активности.

 

-  Останете,  колку  што  е  можно,  во  затворени климатизирани простории (обичните вентилатори  не  помагаат  кога  температурата  е  над  35  степени).  Затворете  ги прозорците и ролетните во тек на денот, отворете ги навечер кога температурата е пониска.

 

-  При  неопходен  престој  на  отворен простор, избегнувајте директна изложеност на сонце, најдете можности за почести одмори под сенка.

 

-  Носете  светла  и  лесна  облека  (светлите  бои,  во  извесна  мера  ја  одбиваат светлината)  од  природни  такенини  (памучни,  ленени),  ставете  заштитни  очила и капа.

 

-  Внесувајте  големо  количество  на  течност  (не  чекајте  да  бидете  жедни), почнувајќи  од  обичната  вода  за  пиење,  па  сѐ до  минерализирани безалкохолни пијалоци. Избегнувајте алкохолни пијалоци и пијалоци кои содржат кофеин, како и екстремно студени пијалоци.

 

-  Внесувајте  помало  количество  на  храна.  Избегнувајте  мрсна  и високо-калорична храна и храна која содржи поголемо количество шеќер.

 

- Туширајте се со студена вода повеќе пати во денот (или ставете студени облоги и чувајте ги нозете во студена вода).

 

- Кога сте во возило, отворете прозорец, за да овозможите вентилација на воздухот. Целосно  затворените  возила  стануваат  многу  жешки.  Не  оставајте  никого  во возилото.

 

-  Хроничните  болни,  посебно  тие  со  срцеви,  невролошки  и  белодробни  болести, потребно  е  да  бидат  многу  дисциплинирани  во  однос  на  овие препораки и редовно да  ја  земаат  својата  терапија.  За  секакви  промени  на  здравствената состојба, задолжително да го консултираат матичниот доктор.

 

- Пред употреба на свеж зеленчук и овошје, задолжително е нивно миење.

 

- Термички подготвена храна, да се конзумира веднаш после подготовката. Ако тоа не  се  направи,  подготвената  храна  да  се  стави  во  ладилник  на  температура  до +8 Целзиусови степени, а пред употреба, да се загрее на +100 степени.

 

-  Да  се  избегнуваат  производи  кои  не  се  термички  обработени (домашен мајонез, сладолед, разни кремови).

 

-  Консултирајте  се  со  својот  доктор, доколку почуствувате невообичаени симптоми кои траат подолго време.

 

- Ако чуствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или чувство на интензивна жед и главоболка, побарајте помош, преместете се на постудено место, колку што е можно  побрзо  и  измерете  ја  својата  телесна  температура.  Веднаш напијте се вода или негазиран минерален пијалок за да се рехидрирате.

 

-  Ако  имате  болни  грчеви  во  мускулите  на  нозете,  рацете  и  стомакот,  што побрзо одморете  се  на  постудено  место  и  напијте  се  течност  што  содржи електролити. Медицинска помош е потребна ако грчевите траат подолго од еден час.

 

-  Ако  некој  член  од  вашето  семејство  или  лице  на  кое  помагате,  има  топла  и сува кожа или е во бесознание, веднаш повикајте 194! Додека се чека итната медицинска помош,  префрлете  го  на  студено  место  и  ставете  го  во  хоризонтална положба, подигнете  му  ги  нозете  и  колковите,  отстранете  му  ја гардеробата, воспоставете надворешно  ладење  (студени  облози  на  вратот,  пазувите  и слабините и постојано прскајте  му  ја  кожата  со  вода).  Мерете  му  ја  телесната  температура.  Не  давајте терапија.  Ако  лицето  е  во  бесознание,  не  треба  да лежи на грб, туку завртете го во странична положба.

 

2.  Препораки  за  раководителите  на  пензионерски  домови,  центри за долготрајна институционална грижа и здравствени установи

 

-  Да  се  почитуваат  препораките  за  однесување  при  топло  време  дадени  во едукативните  материјали  за  општата  популација.  Установите  (објектите)  да  се оддржуваат студени, а лицата во истите да бидат заштитени од топлина, да останат во студено и да внесуваат доволно количество течности.

 

-  Да  се  следи  внатрешната  температура  на  објектот.  Да  се  обезбеди барем една студена  соба  (соба  со  клима  уред  и  температура  пониска  од  25  степени Целзиусови).  Да  се  овозможи  пациентите  (станарите)  да  поминуваат  во  студените простории по неколку часа дневно.

 

-  Општиот  доктор  да  направи  ревизија  на  редовното  земање  на  терапија на хроничните болни.

 

- Да се следи внесувањето на течности од страна на пациентите (станарите), нудете (служете)  безалкохолни  и  незасладени  пијалоци,  следете  им  ја  телесната температура, пулсот, крвниот притисок и хидратацијата.

 

- Внимавајте на рани знаци на топлотни болести и започнете соодветен третман.

 

- Информирајте и обучете ги вработените. По потреба зголемете го нивниот број.

 

Извор - топлотнибранови.мк

FAILED TO GET REZULT FOR: SELECT fact AS content FROM ic_facts ORDER BY RAND() LIMIT 1