Во Македонија во понеделник ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Попладне нестабилно со услови за врнежи од дожд ќе има во западните, северозападните, северните, североисточните и источните предели. Слаб северозападен ветер кој попладне ќе се засилува, а во западните предели ќе дува умерен југозападен и западен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 35 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 11°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 22°C односно до 31°C.
Во Скопје во понеделник ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне и во вечерните часови нестабилно со врнежи од дожд. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 15°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 28°C.
Во вторник ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Во попладневните часови врнежите ќе престануваат и постепено разведрување. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 35 км/ч, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури 12°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 14°C до 23°C.
Од среда не очекуваат студени утра со ниски утрински температури, но и стабилно време.
Во среда по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево и свежо. Слаб ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 3°C ди 11°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 18°C односно до 27°C.
Студено утро не очекува и во четврток со утрински температури од 2°C до 10°C. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Дневните температури ќе се движат од 17°C до 26°C.
Во петок во Македонија ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и грмотевици и ветровито. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 6°C до 14°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 13°C до 22°C.
Стабилно време без врнежи од дожд но и постудено не очекува во деновите од викендот.
Во сабота ќе биде претежно сончево локална облачност и ветровито. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 5°C до 13°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 18°C до 27°C.
Во недела по студеното утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 4°C до 12°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 20°C односно до 29°C