Денеска претежно сончево со локална облачност, попладне и навечер со услови за дожд
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 31 јули 2015

Во Македонија во раните утрински часови услови за врнежи од дожд ќе има во крајните источни предели. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и посвежо.

 

 

 

Во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста која што во текот на доцните попладневни и вечерните часови ќе услови локални врнежи од дожд и грмотевици. Поинтензивни врнежи се очекуваат во североисточните и источните предели.

 

Ќе дува доумерен засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен засилен североисточен ветер. Утринските температури од 13 до 23 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 27 односно до 38 степени. УВ индекс 8.

 

Во Скопје во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност, топло и ветровито. Во попладневните часови зголемување на облачноста која во доцните попладневни и во вечерните часови може да услови локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 21 степен, а максималната дневна ќе достигне до 35 степени. УВ индекс 8. 

 

Во сабота во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност, во попладневните часови во крајните северозападни, североисточни и југоисточни предели со услови за слаб дожд. Дневната температура до 27 односно до 38 степени.

 

Во недела претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне развој на нестабилност со локални врнежи од дожд и грмотевици. Врнежи од дожд не се очекуваат во југозападните предели. Максималните температури ќе се движат од 28 до 39 степени.

 

Во понеделник во претпладневните часови ќе биде претежно сончево, попладне со услови за локални врнежи од дожд.

 

Во вторник претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне во западните и југозападните предели нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Максималната дневна температура ќе достигне до 26 односно до 37 степени.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk