МАКЕДОНИЈА: Во петок раните претпладневни часови ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Подоцна зголемување на облачноста од запад која ќе ни донесе и врнежи од дожд и грмотевици.
Врнежите од дожд ќе бидат пропратени со засилен ветер кој некаде ќе достигне и брзина до 40 км/ч, па поради тоа локално можно е да има појава на невреме.
Важно е да се напомене дека не се очекуваат обилни врнежи од дожд.
Утринските температури од 10°C до 20°C, додека пак максималните дневни ќе се движат во интервал од 20°C до 30°C. УВ индекс 3.
СКОПЈЕ: Во Скопје во петок ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 17°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 27°C. УВ индекс 3.
МАКЕДОНИЈА 3 ДЕНА: Во сабота преодна стабилизација на времето. Ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Минималните температури од 7°C до 17°C, а максималните ќе достигнат до 22°C односно до 32°C. УВ индекс 8.
Во недела нестабилно со врнежи од дожд и пад на температурите. Утринските од 5°C до 15°C, а дневните ќе се движат од 20°C до 30°C.УВ индекс 3.
Нестабилно со услови за локални врнежи од дожд ќе има и во понеделник. Утринските од 5°C до 15°C, а дневните ќе се движат од 17°C до 27°C.УВ индекс 3.