Времето денес (21.06.2015) - Врнежите ќе престануваат. Попладне разведрување
Напишано од Глигор Тодоров
недела, 21 јуни 2015

МАКЕДОНИЈА - Во раните утрински часови како и во попладневните се очекува облачно време со врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи се очекуваат во северните и источните предели, каде локално може да наврнат и до 15 литри дожд.

 

Во попладневните часови врнежите ќе престанат и постепено разведрување, па во доцните попладневни часови ќе имаме и сончеви периоди.

Освен врнежите од дожд во недела ќе имаме и засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели засилен североисточен ветер. Понекаде ветерот ќе достигне брзина и до 35 км/ч.

 

Утринските температури од 8°C до 18°C, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 15°C односно до 25°C. И овие температури се пониски од просечните за овој период од годината.

 

СКОПЈЕ - Во Скопје во недела во утринските и претпладневните часови нестабилно со локални врнежи од дожд, попладне постепено разведрување. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура од 15°C, а максималната дневна ќе достигне до 23°C. УВ индекс 4