Времето денес (20.05.2015) - Претежно сончево, попладне услови за врнежи од дожд и грмотевици
Напишано од Глигор Тодоров
среда, 20 мај 2015

МАКЕДОНИЈА: Во Македонија во среда ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Попладне развој на нестабилност со услови за врнежи од дожд и грмотевици во северозападните, североисточните и источните предели, а во доцните попладневни часови и во југозападните предели. Слаб ветер од променлив правец. Минималните температури од 7°C  до 17°C, а максималните ќе достигнат до 23°C односно до 32°C.

 

 

СКОПЈЕ: Во Скопје во среда ќе биде претежно сончево со локална обалчност и топло. Попладне со услови за слаби локални врнежи од дожд (иако шансите за такво нешто се многу мали). Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 13°C, а максималната дневна до 27°C.

 

МАКЕДОНИЈА 3 ДЕНА: Во четврток претежно сончево со локална облачност и потопло. Минималните температури од 7°C до 17°C, а максималните температури од 23°C до 33°C. УВ индекс 8.

 

Во петок повторно дестабилизација на времето. Умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Минималните температури од 11°C до 21°C, а максималните дневни до 20°C односно до 30°C. УВ индекс 6.

 

Во сабота во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Утринските температури од 8°Cдо 18°C, а максималните дневни ќе се движат од 21°C до 31°C. УВ индекс 8.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk