Времето денес (09.07.2015) - Претпладне сончево, попладне со услови за локален дожд
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 9 јули 2015

МАКЕДОНИЈА - Во четврток во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло. Попладне зголемување на облачноста која во доцните попладневни и во вечерните часови ќе услови локални врнежи од дожд и грмотевици (северозападните, западните, југозападните). Локално постојат услови за појава на невреме.

 

 

 

Ќе дува доумерен засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен североисточен ветер.

 

Утринските температури ќе се движат од 12°C до 22°C, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 27°C односно до 38°C. УВ индекс 8.

 

СКОПЈЕ  - Во Скопје во четврток претпладне ќе биде претежно сончево и топло. Попладне зголемување на облачноста со услови за слаби локални врнежи од дожд во доцните попладневни и во вечерните часови. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура од 19°C а  максималната дневна ќе достигне до 35°C. УВ индекс 8.

 

Во Македонија во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и малку посвежо со пад на температурите. Ќе дува доумерен засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен засилен североисточен ветер. Утринските температури од 12°C до 22°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 22°C односно до 33°C. УВ индекс 8.