Во периодот од 6 до 14 октомври во Македонија ќе продолжи невообичаеното топло време за овој период од годината со температури кои што ќе бидат за 1 до 3 степени над повеќегодишниот просек.
Трендот на надпросечно топло време ќе продолжи и во периодот од 14 до 22 октомври со температури кои што исто така ќе бидат за 1 до 3 степени над просечните за овој период.
Што се однесува пак до количеството на врнежи од дожд во периодот од 6 до 14 октомври во Македонија се очекуваат да наврнат од 3 до 10 литри, а во крајните западни предели со услови да наврнат до 15-20 литри.
Во периодот од 14 до 22 октомври не очекува период на суша, односно врнежи од дожд воопшто и да нема да има. И во првиот и во вториот период количеството на врнежи се под повеќегодишниот просек вообичаен за овој период од годината.