Состојба на патиштата - вторник 26.11.2013
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 26 ноември 2013

ОТЕЖНАТ СООБРАЌАЈ: Според информации од ЈП „Македонија пат“-.слаби снежни врнежи во моментов има на планинските превои Ѓавато и Пресека но и на овие патни правци сообраќајот се одвива тековно без никакви забрани и застои. Поради ниските температури можни се подмрзнувања на коловозот на осојните места.

 


 

СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Сообраќајот на сите останати државни патишта низ Македонија се одвива непречено, по влажни коловози. 

ВНИМАТЕЛНО ВОЗЕЊЕ: Поради ваквите временски услови, потребно е посебно внимание на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Кочани - Делчево и Берово - Виница, каде е можна почеста појава на одрони. 


ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11 2013 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15.03. следната година. 

РАБОТИ НА ПАТ: На патните правци Кочани - брана Калиманци (А3), Раброво - Костурино (Р1401) и М. Каменица - Делчево (А3) се врши надоградба на асфалтната подлога и санација на риголите, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива непречено, а се очекува градежните работи да потраат до средината на декември. 

Tеренските активности (геодетски и геомеханички истраги) кои се во тек долж патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово (во двата правци) односно од наплатна станица Миладиновци до крај на стариот автопат-клучка Кр.Паланка, во периодот од 25.11 до 30.11 ќе се изведуваат на потегот од Агино село кон Миладиновци. Работите ке се изведуваат во период од 07:00 до 18:00 часот, додека сообраќајната сигнализација за времен режим на сообраќајот ќе биде поставена 24 часа на горенаведениот дел од трасата. 

На пат. правец Маврови Анови – Дебар (Р1202) се изведуваат градежни работи на санација на Мелнички мост во близина на Дебар. Поставена е соодветна патна сигнализација, сообраќајот се одвива непречено, но се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

На патниот правец Велес - Кадрифаково се изведуваат градежни работи, кои во првата фаза се: од клучка Велес крај на трета лента (депонија Велес) до Лозово, Сарамзалино.

Возачите ги предупредуваме да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

СЕЗОНСКО ЗАТВОРАЊЕ НА ПАТЕН ПРАВЕЦ : Патниот правец Р2 332, Охрид- Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево се затвора за сообраќај на сите возила од 15.11.2013 до 31.03.2014год. 

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

 

Извор - АМСМ (ВТОРНИК, 26 НОЕМВРИ 2013 06:28:00)