Состојба на патиштата - среда 20.07.2016
Напишано од Глигор Тодоров
среда, 20 јули 2016

СРЕДА, 20 ЈУЛИ 2016 06:18:00 - АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

 

СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози.

 

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поради високите температури препорачуваме патување во раните утрински и вечерни часови. Правете почести одмори и конзумирајте повеќе безалкохолни пијалоци.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

 

ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈ: Од 20.06.2016 година е воспоставена времена измена на режим на сообраќај на магистрален пат А3, делница клучка кај с.Кадрифаково – клучка кај с.Три Чешми. Пренасочувањето на сообраќајот е по регионалниот пат Р526.

 

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА на државните патишта во Република Македонија:

 

Од 01.07.2016 година (петок) ќе отпочне со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Временските интервали се следни:
петок : 17.00 - 22.00 часот,
сабота : 09.00 - 18.00 часот и
недела : 09.00 - 22.00 часот.

 

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.

 

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

 

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА на магистрален пат А2 :

 

Од 01.07.2016 година (петок) ќе отпочне со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на магистрален пат А2 делница: Скопје-Охрид-Скопје со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите.

 

Временските интервали се следни:
петок : 15.00 - 22.00 часот,
сабота : 07.00 - 12.00 и 18.00 - 24.00 часот и
недела : 07.00 - 22.00 часот.

 

Извор АМСМ

 

 

FAILED TO GET REZULT FOR: SELECT fact AS content FROM ic_facts ORDER BY RAND() LIMIT 1