Стотина метри широка дупка се отворила во популарниот камп на брегот на австралиското крајбрежје, проголтувајќи неколку автомобили и камп-куќи, пренесуваат медиумите.
Дупката на плажата Виножито (Rainbow) во Квинсленд започнала да се отвара околу полноќ. Песокот пропаѓал неколку метри во длабочината на морето.
Една жена почнала да вика во кампот преполн со луѓе и ги повикала да излезат од своите шатори и камп-куќи, пренесува телевизијата АБЦ.
Според извештајот на полицијата, над 140 лица успеале да побегнат од кампот пред големата дупка да се отвори.
Плажата се наоѓа околу 240 километри северно до Бризбејн и е популарно туристичко место. Слична ваква дупка се отворила и во 2011 година.
Ова е уште една од низата многубројни отворени дупки кои се почесто се отвараат на нашата планета. Причините за појавата на овие дупки најверојатно лежи во забавената ротација на нашата планета.