БАЛКАН - На Балканскиот полуостров умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици и ветровито време со дневни температури кои што ќе бидат за некој степен под вообичаените за овој период од годината. Максималните дневни температури ќе се движат од 24 до 34 степени.
МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес во утринските и претпладневни часови ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви периоди и ветровито време. Попладне нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици, и со услови за појава на невреме. Поинтензивни врнежи се очекуваат во западните и југозападните како и во источните предели. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер. Максималните дневни температури денес ќе достигнат до 21 односно до 32 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во петок во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност, попладне нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици и малку потопло време со максимални дневни температури кои што ќе се движат од 22 до 33 степени. Во сабота и недела стабилизација на времето, ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време и максимални температури кои што ќе достигнат од 24 до 35 односно од 22 до 33 степени. Во понеделник претпладне претежно сончево време со појава на локална облачност, попладне нестабилно време со врнежи од дожд и температури од 20 до 31 степен.