Како последица на топлотниот бран што ја зафати Европа на 7 јули биле поставени нови температурни рекорди во Европа.
Во Женева биле измерени 39.7°C, што претставува највисока измерена температура од кога се запишуваат мерењата. Претходниот рекорд бил 38.9°C, температура што била измерена на 21 јули 1928 година.
Во Лугано минималната температура се спуштила на 25.4°C, највисока за месец јули од 1864 година.
Во Сарагоса биле измерени 44.5°C. Во овој град никогаш досега не била измерена температура која што достигнала до 44°C. Стариот рекорд бил поставен на 22 јули 2009 година кога биле измерени 43.1°C.
Температурен рекорд бил поставен и во градот Љеида во внатрешноста на Каталонија каде што биле измерени 43.1°C. Претходниот температурен рекорд изнесувал 41.3°C кој датира од 30 јули 1983 година.
43.1°C биле измерени и во Гранада. Стариот рекорд изнесувал 42.7°C кој бил поставен минатата година на 6 јули.
Температурни рекорди биле поставувани и во Франција. Во Сент Етјен биле измерени неверојатни 41.1°C, а во Шамбери и Екс ле Бен биле измерени 38.8°C.
Исто така во Франција во градот Ембрун била измерена температура од 36.7°C која што претставува температурен рекорд, а стариот рекорд бил поставен еден ден порано на 6 јули 2015 година.