Двете структури, кои се со големина на континент и се 100 пати повисоки од Монт Еверест, се наоѓаат длабоко во земјата, на спротивните страни на планетата, во Тихиот Океан, од една страна и под Африка и на Атлантскиот Океан, од другата страна.
Нашата планета е составена од слоеви како кај кромидот: има тенка надворешна кора, дебела обвивка (мантија), течно надворешно јадро и тврдо внатрешно јадро.
Прикажаниот пресек на површината на Земјата овозможува поглед на внатрешноста на Земјата до нејзиното јадро.Оваа слика покажува голема аномалија во регионот под Тихиот Океан, прикажан со црвени контури
Грутките се со различен состав од остатокот на обвивката на Земјата. Oгромните структури лежат на јадрото, на длабочина од 1.800 милји, односнo на околу половина пат до центарот на Земјата. Засега останува нејасно што претставуваат овие структури, но научниците веруваат дека содржат важни индиции за тоа како е формирана Земјата и како таа функционира денес.
Според Едвард Гарнеро од Државниот универзитет на Аризона, грутките, не само што можат да откријат повеќе за формирањето на Земјата, но, можат да помогнат и во објаснувањето на системот кој води до големи вулкански ерупции, како и на механизмот на тектониката на плочите, од струење на воздухот до мешање на мантијата. Ова е гео-силата којашто ги придвижува земјотресите.
Пресек на површината на Земјата, до течното јадро. Експеримент за нумеричка конвекција покажува грутки во зелена боја, околни карпи од мантијата со сина боја, и океанска кора од површината на Земјата која е навлезена во внатрешноста со жолта боја.
Брановите од земјотресите кои поминуваат низ длабоката внатрешност на Земјата, открија дека овие грутки се региони каде што сеизмичките бранови патуваат бавно. Се смета дека материјалите од мантијата кои ги опкружуваат овие региони се состaвени од студени карпи, кои се поврзани со надолното движење на тектонските плочи.
Многу работи остануваат непознати за овие грутки. Но, новите сеизмички и геодинамички информации откриваат дека тие се поцврсти од околните материјали на мантијата, се динамички стабилни и долготрајни, како и дека се обликувани од голем проток на мантијата. Научниците очекуваат дека понатамошната работа на двете длабоко вкоренети аномалии ќе помогнат да се разјасни сликата и да се дефинира нивното потекло.
Тие се надеваат дека деталното истражување ќе открие повеќе за овие грутки кои се вклопуваат во големата загатка на планетата Земја.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk