Четврток и петок умерено облачно, сабота и недела сончево и многу топло време
Напишано од Глигор Тодоров
среда, 18 јули 2018

Додека низ медиумите (пред се интернет порталите) се полемизира дали циклонот Солана или антициклонот Јелцин ќе влијаат на Балканот и на Македонија и на колку е пуштен ХААРП-от дали на 3 или 6 и дали тој ќе донесе температури кои што ќе бидат или под или над просекот кој што е вообичаен за овој период од годината (малку чудно бидејки досега се тврди дека сме имале екстремно високи температури), да се обидеме да ви ги најавиме временските услови и трендови кои што не очекуваат во следните денови.

 

Во Македонија во четврток умерено облачно време со повремени и кратки сончеви периоди, ветровито и свежо време со осетен пад на темпертурите. Попладне во крајните западни планински предели со услови за слаби и локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен северозападен ветер кој што ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе се движат во интервал од 10 до 20 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 19 односно до 29 степени. УВ индекс 2.

 

Слично време и во петок, умерено облачно време со повремени сончеви периоди и потопло време со пораст на температурите. Ќе дува доумерен северен и северозападен ветер. Минималните температури од 11 до 21 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 22 односно до 32 степени.

 

Во сабота во Македонија сончево и топло време со дополнителен пораст на дневните температури. Утринските температури од 9 до 19 степени, додека пак максималните дневни температури од 24 до 36 степени. УВ индексот ќе има вредност 9.

 

Во недела во Македонија сончево и многу топло време со осетен пораст на температури кои кои што ќе го надминат повеќегодишниот просек за овој период од годината. Минималните температури од 9 до 19 степени, додека пак максималните дневни од 27 до 40 степени. Максималните температури ќе бидат за 2 до 4 степени температури кои што се над вообичаените за овој период од месец јули. УВ индекс 10.

 

Во понеделник во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност, попладне со услови за локални врнежи од дожд и значително посвежо време со пад на температурите. Минималните од 11 до 21 степени, додека пак максималните дневни температури од 19 до 31 степени.