Бактерија што се шири поради пораст на температура на вода
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 19 јуни 2015

Од бактерија која што ги напаѓа лугето, на Флорида загинале две лица. Експертите истакнуваат дека причината за забрзаното ширење на оваа бактерија е порастот на температурата на водата.

 

 

Во 2015 година се регистрирани осум случаи за напад од оваа бактерија од кои само два смртно завршиле.

Бактеријата успева да живее во подрачјата на топла вода, вклучувајќи ги океаните, езерата и реките. Голем дел од Флорида имал топол почеток на сезоната, што довело до брзо загревање на морето како и водата во реките и езерата.

 

Се поизвезно е дека оваа топлина ќе остане до крајот на летото и почетокот на есента, па поради тоа температурата на водата ќе остане доволно топла да оваа бактерија го продолжи животот во тоа подрачје.

Подрачјата каде што доаѓа до мешање на слатка и солена вода може да доведе до зголемена концентрација на таа бактерија. Симптомите на заразените луѓе се повраќање, обдоменална болка и рани на кожата.

 

Во 2014 година биле забележани 32 случаи на инфекција од оваа бактерија, од кои седум биле смртоносни.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од Weather4all.com.mk