Времето денес 05.09.2016 - Претпладне сончево, попладне и навечер со врнежи од дожд
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 5 септември 2016

Денес е понеделник, 5 септември 2016 година, 249-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:58, а ќе зајде во 18:54 часот. Денот ќе трае 13 часа и 04 минути.

Сателитска слика на Балканот 05.09.2016  06:00 часот

 

Претежно ведро и топло утро имаме денеска во Македонија. Појава на локална облачност има понедека во источната половина. Од сателитската слика можеме да забележиме дека облачната маса која доцна попладне и навечер ќе донесе промена на времето кај нас постепено се наближува кон Македонија.

 

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево. Попладне постепено зголемување на облачноста која прво ќе донесе врнежи од дожд во североисточните и источните предели, а во вечерни часови и во западните и северозападните предели. Во текот на ноќта понеделник кон вторник врнежите ќе се прошират насекаде во Македонија. Ќе дува доумерен југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 9 до 19 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 24 односно до 34 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

 

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево и топло. Попладне зголемување на облачноста која во вечерните часови и во текот на ноќта ќе услови врнежи од дожд. Ќе дува доумерен југозападен ветер. Утринската температура од 15 степени, а максималнатад невна до 32 степени. УВ индекс 6.

 

МАКЕДОНИЈА 3 ДЕНА – Од вторник промена на временската состојба, Македонија ќе биде под влијане на Медитерански циклон и продор на ладна воздушна маса од север кои во наредните денови (од вторник до недела) ќе донесат интензивни врнежи од дожд проследени со засилен ветер и голем пад на температурите. Во овие денови постојат услови и за појава на поплави бидејки локално количеството на наврнат дожд би можело да достигне и до 100 литри. Во Македонија во вторник облачно со врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер и посвежо време. Поинтензивни врнежи се очекуваат во попладневните часови во западните и јужните предели. Максималните температури ќе се движат од 11 до 21 степени. Облачно со врнежи од дожд ќе биде и во среда и четврток кога максималните температури  ќе се движат од 12 до 22 степени во среда, односно од 13 до 23 степени во четврток. И во овие денови поинтензивни врнежи од дожд се очекуваат во западните и во јужните предели.