Сараево утрово се разбуди покриено со снег висок и до неколку сантиметри. Глетката на градските улици потсетува на зиските денови, кога врнежи од снег ја зафатија Босна и Херцеговина.

Иако метеоролозите прогнозираа снег и ниски температури, поголемиот дел од Сараево утринава бил изненаден од глетката во градот.
Патните правци ширум градот се проодни, но движењето, особено напешаците, го отежнуваат големите количини на вода од топењето на снегот.
Според прогнозите на тамошниот хидрометеоролошки завод, во текот наденот се очекува намалување на врнежите и дневна температура од четиридо 10 степени, а на југот на земјата до 17 степени.