Ветер доволно за цел свет
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 4 октомври 2012
Доколку 100 метри високи ветерници се постават низ целата планета(копно и вода) ќе се добие повеќе од 250 теравати енергија.

Научниците го развиле досега најпрецизниот модел соо чија помош се докажува дека има доволно ветар на земјата за да се генерира електрична енергија која неколкупати ги надминува светските потреби. Марк Џејкобсон од универзитетот Стенфорд и Кристина Арчер од универзитетот Делавер во својот модел претпоставиле дека ветерниците може да се постават било каде без оглед на социјални, климатски и економски прашања.

Двете претходни студии покажуваат дека потенцијалот на ветерот се намалува колку што повеќе ветерници ке се постават, бидејки тие ке го крадат ветерот од другите ветерници. По прв пат со овој софтвер се испитува и оваа дилема. Секоја ветерница го намалува количеството на енергија достапно за другите – изјавила Арчер, но намалувањето е значајно само кога ке се постави многу поголем број на ветерници отколку што некогаш би ни биле потребни.

Најмногу ветува податокот дека потенцијалот на ветерот во светот се мери во стотина теравати. Доколку 100 метри високи ветерници би се поставиле низ целата планета(копно и вода) ке се добијат повеќе од 250 теравати енергија, а доколку се постават само на копното (без Антарктикот) ке се добијат околу 80 теравати, што претставува седум пати повеќе од светските потреби. Ние не велиме ”Поставете ги ветерниците насекаде”, туку само да покажеме дека има потенцијал, само ако се изградат доволно ветерници - изјавил Џејкобсон.

Се поставува прашањето колку ветерници се потребни да се постават за да се покријат денешните потреби на човештвото односно околу 5.75 теравати. При максимална искористеност, оваа студија покажува дека е потребно да се изградат околу 4 милиони ветерници низ целиот свет. Денес има изградено нешто над 1% од оваа бројка. Џејкобсон  и Арчер половина од ветерниците би ги поставиле на вода, а другата половина на копно и би можело да се искористат пустината Гоби и Сахара, како и американските рамнини.