Времето утре (23.07.2016) - Сончево и многу топло, од понеделник дожд
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 22 јули 2016

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во сабота денот ќе го започнеме со повисоки утрински температури кои што ги имавме денеска, и ќе се движат во интервал од 10 до 19 степени. Во текот на денот ќе биде сончево и многу топло со осетен пораст на максималните температури кои ќе се движат во од 28 до 39 степени. Ќе дува доумерен слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели слаб североисточен ветер. УВ индексот ќе има вредност 9.

 

 

СКОПЈЕ - Во Скопје во сабота сончево и многу топло. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 17 степени, а максималната дневна ќе достигне до 37 степени. УВ индексот ќе има вредност 9.

 

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во недела тропски ден, ќе биде сончево и многу топло со дневна температура до 37 степени. Во понеделник, вторник и среда умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и посвежо време со пад на максималната температура која ќе достигне до 33 односно до 31 степен.

 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во недела тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Во попладневните часови во крајните северозападни и западни предели појава на локална облачност која во вечерните часови може да услови локални врнежи. Максималните температури од 29 до 39 степени. Во понеделник, вторник и среда Македонија ќе биде под влијание на циклонска циркулација која што ќе услови нестабилно време со локални врнежи од дожд и пад на температурите. Максималните температури во понеделник и среда ќе се движат во интервал од 25 до 35 степени, а во вторник ќе бидат пониски и ќе се движат од 23 до 33 степени.