Времето за викендот - Претежно сончево со студени и магловити утра
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 15 ноември 2013

Во Македонија во утринските часови ќе има појава на слаба магла. Претпладне ќе биде претежно облачно, а во попладневните часови разведрување и ќе преовладува претежно сончево време со локална облачност и ветровито. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, кој во попладневните часови ќе се засилува, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од -2°С до 8°С, а максималнитге дневни температури ќе се движат од 10°С до 18°С.

  

 

Во Скопје во сабота претпладне ќе биде претежно облачно, попладне разведрување и ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура од 6°С, а дневната температура до 15°С.

 

Во недела по магловитото и студено утро во текот на денот ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен и источен ветер. Утринските температури ќе се движат од -4°С до 6°С, дневните температури од 10°С до 18°С.

 

Во понеделник во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури од -4°С до 6°С, а максималните дневните температури ќе се движат од 10°С до 18°С.