Времето утре (07.12.2013) - Утринско провејување на снег. Преку ден претежно сончево и ветровито
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 6 декември 2013

Во Македонија во раните утрински часови слабо провејување на снег ќе има во северозападните, западните и југозападните предели. Претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, ветровито и студено. Попладне разведрување. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер.  Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од -6°C до 2°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 1°C односно до 10°C.

 

 

Во Скопје во сабота претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, сончево и ветровито, а попладне претежно сончево. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од -1°C,  а дневната температура ќе достигне до 6°C.

 

Во недела не очекува студено утро со ниски утрински температури кои ќе се движат од -9°C до -1°C. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат од 0°C до 9°C.

 

Во понеделник по студеното и магловито утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево и ветровито. Слаб ветер со променлив правец, а во западните предели ќе дува умерен западен и југозападен ветер. Утринските температури од -9°C до -1°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 2°C до 11°C.