Времето денес (30.06.2014) - Претпладне претежно сончево, попладне и навечер дожд
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 30 јуни 2014

Во Македонија во понеделник претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Поинтензивни врнежи се очекуваат во источните, североисточните и југоисточните предели. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 12°C до 22°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 25°C односно до 33°C. УВ индекс 8.

 

 

Во Скопје во понеделник претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 18°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 31°C. УВ индекс 8.

 

Во вторник ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен и североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 10°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 22°C до 30°C. УВ индекс 8.