Временска прогноза четврток 12 март
Напишано од Глигор Тодоров
среда, 11 март 2015

Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди.

 

 

Во северозападните и западните предели, како и во североисточните и источните предели ќе биде нестабилно со врнежи од дожд. Во овие делови во ридско-планинските предели и на планините со врнежи од снег.

 

Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува и умерен североисточен ветер.

 

Утринските температури ќе се движат од -3°C до 4°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 3°C односно до 12°C.

 

Во Скопје во четврток ќе биде умерено облачно и нестабилно со услови за слаби локални врнежи од дожд. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 3°C, а максималната дневна до 8°C