Се сумираат штетите од тајфунот Рамасун, многу загинати
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 22 јули 2014

Сега веќе поранешниот тајфун Рамасун стана тропска бура која нема толку силни ветрови, но сепак носи обилни врнежи од дожд во јужниот дел нд Кина и Виетнам.

 

 

Според неофицијалните информации во налетот на тајфунот загинале најмалку 108 лица, од кои најголем дел се на Филипините. Рамасун истокот на Филипините ги погоди на 15 јули, а само неколку часови пред да навлезе на копното нагло се засилил и станал тајфун од трета категорија.

 

Рамасун имаше долг пат, дури десет дена траеше неговиот пат од Микронезија преку Филипините се до Кина и Виетнам.

 

На кинескиот остров Хајнан во налетот на тајфунот загинале девет лица, а на југ од Кина уште пет.

 

На Филипините и на југ од Кина тајфунот предизвикал голема материјална штета. Според првичните проценки се околу една милијарда американски долари за штети кои се предизвикани од силните ветрови, поплави и лизгање на земјиште. Сето ова со животот на луѓето кои немаат цена.