Неделна анализа - Денес и утре дожд, од четврток умерено облачно со сончеви периоди и ветровито
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 11 ноември 2013

Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла по котлините и долините на реките, а во текот на денот ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува умерен југоисточен и источен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 7°С до 14°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 13°С oдносно до 19°С.

 

 

Во Скопје во понеделник ќе биде умерено облачно со услови за локален дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 12°С, а максималната дневна ќе достигне до 17°С. 

 

Во вторник во утринските часови ќе има појава на магла по котлините и долините на реките, а во текот на денот ќе биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува умерен југоисточен, а во западните предели умерен источен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од 8°С до 14°С, а максималните дневни температури од 12°С до 19°С.

 

Во среда ќе биде претежно облачно и ветровито. Ќе дува умерен југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен источен и североисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 6°С до 12°С, а максималните дневни температури од 13°С до 20°С.

 

Во Македонија во четврток во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 3°С до 9°С, а максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 10°С до 18°С.

 

Во петок по студеното и понекаде магловито утро, во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринските температури од 0°С до 7°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 9°С до 17°С.

 

Умерено облачно со сончеви периоди ќе биде и во деновите од викендот. Па така во сабота и недела ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Ќе дува умерен југоисточен ветер, а во западните предели источен ветер. Утринските температури ќе се движат од 1°С до 9°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 9°С односно до 18°С.