Почеток на кампањата „Сите во акција за Зелена Македонија–2012“
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 22 март 2012
По повод Светскиот ден на водите-22 Март денеска почнува кампањата „Сите во акција за Зелена Македонија–2012“. Кампањата ја организираат Министерството за животна средина и просторно планирање и Агенцијата за млади и спорт согласно владината програма за чиста околина.
 


Во првиот циклус ќе се спроведат неколку акции за чистење остатоци од комунален отпад депонирани на несоодветни локации како „Кајак патека“ на реката Треска кај Матка, од селото Жировница по коритото на реката Радика до селото Скудриње, граничен премини Богородица (Гевгелија), Деве Баир (Крива Паланка) и Ќафасан (Струга).

Освен организаторите, во акцијата ќе бидат вклучени и Министерство за внатрешни работи, Агенцијта за државни патишта и ЈП Македонија пат, Царинската управа, Риболовната и Кајакарската федерација, Градот Скопје, како и локалните самоуправи со ангажирање ученици од средните училишта и обезбедување превоз до соодветните локации.

Ангажирани ќе бидат и јавните комунални претпријатија, а „Пакомак“ ќе обезбеди ракавици и кеси за собирање на отпадот, флуоресцентни елеци со слоган, пијалоци за учесниците и табли кои ќе бидат поставени на соодветните места со соодветен слоган Ренџери на Националниот парк Маврово.