Времето утре (18.03.2014) - Сончево и потопло
Напишано од Глигор Тодоров
понеделник, 17 март 2014

Во Македонија во вторник ќе биде претежно сончево и топло . Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен и западен ветер. Утринските температури ќе се движат од -1°C до 6°C, а дневните температури ќе достигнат до 16°C односно до 25°C. 

 

 

Во Скопје во вторник ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 4°C, а дневната температура ќе достигне до 22°C.

 

Во среда ќе биде претежно сончево и топло. Слаб јужен и југоисточен ветер кој во попладневните часови ќе премине во северен и северозападен, а во западните предели ќе дува умерен југозападен и западен ветер кој ќе достигне брзина и до 25км/ч. Утринските температури од 0°C до 7°C, а дневните температури ќе се движат од 17°C до 26°C.