Времето утре (07.11.2013) - Студено утро, преку ден сончево и топло
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 7 ноември 2013

Во Македонија во утринските часови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури од 0°С до 8°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 16°С до 24°С.

 

 

Во Скопје во петок ќе биде претежно сончево и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 4°С, а максималната дневна температура ќе достигне до 21°С.

 

Во сабота по студеното и магловито утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од -1°С до 7°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 16°С до 24°С.

 

Во недела во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Слан јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 1°С до 9°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 15°С односно до 23°С.