Времето утре (01.02.2014) - Облачно и ветровито. Во недела слаб снег во западните предели
Напишано од Глигор Тодоров
петок, 31 јануари 2014

Во Македонија во сабота ќе биде претежно облачно и ветровито. Во вечерните часови услови за слаби врнежи од снег ќе има во западните предели. Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен источен ветер. Ветеро локално ќе достигне брзина и до 30 км/ч.  Утринските температури ќе се движат од -3°C до 4°C, а дневните температури ќе достигнат до 3°C односно до 9°C.

 

 

Во Скопје во сабота ќе биде претежно облачно и ветровито. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Утринската температура од 1°C, а дневната ќе достигне до 7°C.

 

Во недела во Македонија ќе биде претежно облачно и ветровито.  Слаби локални врнежи од дожд и снег ќе има во западните, северозападните и југозападните предели, а над 1000 метри надморска височина со врнежи од снег. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен источен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од -2°C до 4°C, а дневните температури ќе се движат од 3°C до 8°C.