Времето денес (28.11.2013) - Студено утро. Во текот на денот претежно сончево и студено
Напишано од Глигор Тодоров
четврток, 28 ноември 2013

Во Македонија во четврток по студеното и магловито утро во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и студено. Слаб ветер со променлив правец. Утринските температури од -8°С до 1°С, а дневните температури ќе се движат од 0°С до 7°С.

 

 

Во текот на вечерните часови и во текот на ноќта ќе има појава на магла.

 

Во Скопје по студеното и магловито утро во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и студено. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од -3°С, а дневната температура ќе достигне до 5°С.

 

Во петок по студеното и магловито утро во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност, студено и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен ветер со променлив правец. Утринските температури ќе се движат од -10°С до -2°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 1°С односно до 8°С.

 

Во текот на вечерните часови и во текот на ноќта ќе има појава на магла.

 

Студено и магловито утро не очекува и во сабота. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во вечерните часови зголемување на облачноста со услови за локални врнежи од дожд, а на местата над 700 метри надморска височина со услови за врнежи од снег. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури од -8°С до 0°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 0°С до 7°С