Времето денес (22.04.2014) - Умерено облачно со сончеви периоди и топло
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 22 април 2014

Во Македонија денес ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и топло. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер. Утринските температурите од 5°C до 11°C, а максималните дневните температури ќе се движат од 16°C до 26°C.

 

 

Во Скопје ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 8°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 24°C.

 

Во среда ќе биде умерено облачно  и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури од 6°C до 12°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 12°C односно до 22°C.

 

Во четврток ќе биде облачно со врнежи од дожд и грмотевици и ветровито. Во доцните попладневни часови се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 6°C до 12°C, а максималните дневни температури од 11°C до 21°C.